• Sunday, 09 March 2025

Студенти од Ниш утре пеш тргнуваат за Белград

Студенти од Ниш утре пеш тргнуваат за Белград

Ниш, 8 март 2025 (МИА) – Студентите од Универзитетот во Ниш кои се пријавиле дека пеш ќе одат на протестот што ќе се одржи во Белград на 15 март, утре во 6 часот со автобус ќе заминат до манастирот Манасија кај Деспотовац, а потоа оттаму во текот на претпладнето ќе се упатат кон главниот град на Србија.

Најавено е дека студентите ќе пешачат прво до Свилајнац, потоа до Смедеревска Паланка, Пожаревац, Смедерево, Баваниште, Панчево и до Белград.

Студентите кои се пријавиле да патуваат до Белград со велосипед ќе тргнат на протестот в понеделник на 10 март.

Велосипедистите ќе патуваат по патеката што води од Ниш преку Вукашиновац, Крушевац, Мрчајевци, Чачак, Горњи Милановац, Љиг, Лазаревац и Обреновац, до Белград.

Неформална група студенти од Универзитетот во Ниш која организира протести и блокади ги повика граѓаните на Ниш да учествуваат на утрешниот протест пред градското собрание кој ќе биде организиран под наслов „Несреќните 13“.

Како што е најавено, нема да има протестен марш, туку акцентот ќе биде ставен на сеќавањето на корупциските скандали кои ги одбележаа последните 13 години од животот на луѓето во Србија, пренесе Бета. јт/

Фото: ЕПА архива