• Sunday, 09 March 2025

Ринкевичс: Европските земји мора да воведат задолжителен воен рок

Ринкевичс: Европските земји мора да воведат задолжителен воен рок

Рига, 9 март 2025 (МИА) - Претседателот на Летонија, Едгарс Ринкевичс денеска изјави дека европските земји мора да воведат задолжителен воен рок, како и да ги зголемат трошоците за одбрана.

„Европските земји апсолутно мора да воведат задолжителен воен рок. Европа во воена смисла е прилично слаба“, рече Ринкевич во интервју за Скај њуз.

Како што наведе, европските земји треба да ги зголемат трошоците за одбрана, имајќи ги предвид „подемите и падовите“ во односите со САД.

Летонија воведе задолжителен воен рок за мажи во 2023 година.

За оваа година одреди буџет за одбрана од 1,55 милијарди евра, што е 3,45 отсто од бруто домашниот производ.

„Гледајќи што се случува во светот, донесовме одлука што треба да ја следат и многу други европски земји“, оцени Ринкевичс.

Според него, САД се во право што бараат да се распределат повеќе средства за одбрана меѓу земјите-членки на НАТО.

„Јасно ни е дека немаме воени капацитети, но исто така ни е јасно дека треба да ги надградиме. Мојот предлог е дека треба да се концентрираме на нашата задача да ги зголемиме трошоците за одбрана, иако забележуваме разлики со САД во однос на пристапот кон Украина“, рече летонскиот претседател. паг/

Фото: ЕПА