Сообраќајот се одвива непречено, по претежно суви коловози
- Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива непречено, по претежно суви коловози, информира Автомотосојузот на Македонија.
- Post By Хатка Смаиловиќ
- 06:52, 14 March, 2025

Скопје, 14 март 2025 (МИА) - Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива непречено, по претежно суви коловози, информира Автомотосојузот на Македонија.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ известува за привремена измена на сообраќајот на експресниот пат А1, делница Градско – Дреново, која ќе трае од 17 март до 4 април 2025.
-Поради монтажа на дилатација на еластичната одбојна ограда на вијадукти и мостови, сообраќајот ќе биде пренасочен и регулиран на одредени делови од оваа делница, соопшти АМСМ. хс/
Фото: МИА архива