Претседателот на Стопанска комора Бранко Азески на средба со претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски
- СООПШТЕНИЕ - Претседателот на Стопанска комора Бранко Азески одржа работна средба со претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски, во просториите на општината. На средбата се разговараше на повеќе теми, значајни за бизнисот и општините. Стана збор за проблемите на бизнисите, децентрализацијата и инвестиционата активност на општините. Интересот на најголемата и најзначајна бизнис организација е инвестиционата активност да се пренесе низ целата држава, со што ќе се овозможи зголемен раст на бруто домашниот производ, како и остварување на целите од континуирано зголемување на растот, со што пак ќе се возможи поголем стандард за граѓаните и развој на компаниите.

You need to login to view this page en