• Saturday, 15 March 2025
English
  • English
  • Shqip
  • Македонски

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 14 март 2025 (МИА) - На 13.03.2025 во 11.10 часот на ул.„Девеани” во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Г.К.(53) од с.Пештани, охридско. Тој бил баран по потерница врз основа на наредба од Основен суд Охрид за издржување казна затвор од една година. Лицето било спроведено во Казнено - поправната установа Затвор Битола за издржување на казната.    

На 13.03.2025 во 14.00 часот во Кичево, полициски службеницн од ОВР Кичево ги лишиле од слобода Д.П.(45) и Г.Т.(37), двајцата од Прилеп. При преглед извршен во патничко возило „бмв“ со прилепски регистарски ознаки, во кое се превезувале, полициските службеници пронајдоа и одзедоа предмети со остатоци од бела прашкаста материја. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 13.03.2025 во 15.20 часот, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода Р.П.(30), Б.В.(25) и И.З.(67), сите од Кавадарци. Тие се сомничат дека на нива, во близина на крстосница Градско, сопственост на правно лице од Скопје, предизвикале пожар и одзеле повеќе предмети. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Велес, а повредени лица нема. Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот, а Р.П., Б.В. и И.З. биле приведени во полициска станица. Известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес.

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Ш.Д.(57) од Штип, со привремен престој во Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“.  На 25.02.2025 во дом во кој привремено живеат во Струга, пријавениот физички ја нападнал неговата сопруга.

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Е.Д.(34) од Република Албанија, со привремен престој во Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“. На 12.03.2025 во Кичево, полициските службеници од криминалистичката полиција при ОВР Кичево извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана.

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против А.А.(33) од кичевското село Туин поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“. На 27.02.2025 на булеварот „Ослободување“ во Кичево, пријавениот агресивно се однесувал и упатувал закани на малолетник од Кичево.

На 12.03.2025 во 16.55 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода С.М.(70) од Скопје. На патот Градско - Прилеп, кај клучка Крушевица, полициски службеници извршиле контрола на товарно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, при што било констатирано дека бројот на шасијата на возилото е различен од бројот на шасијата во сообраќајната дозвола. Возилото било одземено, а С.М. бил приведен во полициската станица. По документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 12.03.2025 во 17.15 часот во ОВР Берово било пријавено дека на место викано „Црвени брегови“, атар на Берово, бил забележан лиценциран извршител за погребални услуги во општина Берово како на градежна депонија фрла и закопува остатоци од починати лица, извадени од градските гробишта во Берово. Веднаш по добиената пријава, во консултација со јавен обвинител и во содејство со ракувач со работна машина багер од јавното претпријатие за комунални работи во Берово, било извршено пребарување на посоченото место и на пошироката околина, но не биле пронајдени предмети кои потекнуваат од кривично дело, туку биле пронајдени само остатоци од градежен шут и остатоци од отпад. По дополнително преземени мерки и по извршени разговори во ОВР Берово било дојдено до сознание дека лиценцираниот извршител на погребални услуги во повеќе наврати вршел ископување на стари гробови и ги фрлал остатоците од починатите лица на друга локација. Додека, подоцна, по овластување на јавен обвинител, бил извршен увид на гробиштата во с.Смојмирово и на удолницата на јужната страна биле пронајдени пет коски кои наликуваат на коски од човек. По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 13.03.2025 во 16.00 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица - ОВР Гевгелија го лишиле од слобода М.П.(28) од Гевгелија. Тој се сомничи дека истиот ден заедно со П.И.(25) од Гевгелија и уште едно лице од Гевгелија со употреба на сила внеле две лица од Гевгелија во возилото, кое го управувал М.П., физички ги нападнале и ги присилувале да признаат дека одзеле паричник од женско лице, по што ги ослободиле. Во просториите на Полициската станица Гевгелија бил повикан и П.И. со кого бил извршен службен разговор. За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и по негово целосно документирање ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 13.03.2025 во 17.30 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Ј.Б.(40) од Скопје затоа што агресивно се однесувал и со тврд предмет упатувал закани на ветеринарен инспектор од Агенцијата за храна и ветеринарство додека извршувал службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 13.03.2025 во 19.30 часот во СВР Скопје, 25-годишна жена од скопско село пријавила дека на 10.03.2025 била физички нападната од нејзиниот сопруг Ј.К.(28) и од нејзиниот брат Н.В.(33). Со нив бил извршен службен разговор во полициска станица и по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 13.03.2025 во 11.16 часот во СВР Скопје, И.Т.(71) од Скопје пријавил дека во с.Ново Село, скопско, неговата сопруга Л.Т.(69) била физички нападната од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 13.03.2025 во 20.30 часот во СВР Скопје, А.Н.(36) од Скопје и Ф.Н.(36) од Велес пријавиле дека околу 19.45 часот на подрачјето на општина Аеродром, по претходно недоразбирање во сообраќајот, биле физички нападнати од неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 13.03.2025 во 20.30 часот во СВР Скопје, Б.С.(29) од Скопје пријавил дека околу 19.00 часот на подрачјето на Радишани бил физички нападнат од едно лице, кое употребило и тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 13.03.2025 во 10.43 часот во Полициското одделение Петровец, било пријавено дека при ископ на дупка за шахта во двор од амбулантата во нас.Илинден, скопско, која во моментот се реновира, биле пронајдени коски слични на човечки коски. Коските биле дадени во Институтот за судска медицина за обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.  

На 13.03.2025 во 19.34 часот во СВР Куманово било пријавено дека на крстосница од улиците „Благој Илиев Гуне“ и „Страшко Симонов“ во Куманово се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „пасат“ со кумановски регистарски ознаки,  управувано од Љ.Љ.(38) од Куманово и патничко моторно возило „голф“ сопственост на МВР. Во незгодата со телесни повреди се здобиле возачот Љ.Љ. и неговиот сопатник Б.А.(45) и четири полициски службеници од возилото на МВР. Известен бил јавен обвинител, а увид извршила екипа од СВР Куманово.

На 13.03.2025 во 23.15 часот во Полициската станица Бит Пазар, Ј.А.(42) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот брат Ф.Ј.(50), кој имал здравствени проблеми. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 13.03.2025 во 20.50 часот во СВР Битола, К.Д.(29) од Битола пријавила дека на ул.„Александар Турунџиев“ во Битола била касната од куче скитник.

На 13.03.2025 во 21.00 часот во СВР Битола, Б.Н.(51) од Битола пријавил дека на ул.„Новачки пат” во Битола бил каснат од куче скитник.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против тројца малолетници, сите од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. Пријавените физички нападнале машко лице и му нанеле повреди.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Р.М.(49) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,вршење на јавен превоз без поседување на лиценца’’. На 09.03.2025, полициски службеници извршиле контрола на патничко возило, управувано од пријавениот, при што било констатирано дека врши јавен превоз на патници без да поседува соодветен документ од надлежен орган.

СВР Скопје поднесе кривична пријава против М.К.(40) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 11.11.2024, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана.

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Б.М.Ѓ.(39) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 02.11.2024, полициски службеници извршиле претрес во простории кои ги користел пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана.

СВР Скопје поднесе кривична пријава против С.М.(35) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 07.03.2024, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што биле пронајдени и одземени марихуана и хашиш. 

СВР Струмица поднесе кривична пријава против А.А.(22) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 29.08.2024, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот при што бил пронајден и одземен кокаин.

СВР Битола поднесе кривична пријава против Б.С.(30) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги психотропни супстанци и прекурзори“. На 16.10.2023, полициски службеници извршиле преглед над едно лице од Битола, при што била пронајдена и одземена марихуана, која ја набавил од пријавениот.

СВР Битола поднесе кривична пријава против К.З.(35) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги психотропни супстанци и прекурзори“. На 10.08.2023 во Битола, полициски службеници извршиле преглед над пријавената, при што била пронајдена и одземена марихуана. 

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Џ.Д.(71) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 12.10.2023 во Струга, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени куршуми со различен калибар и ловечка пушка карабин, за кои не поседувал дозвола.

Регионалниот центар за гранични работи Север - Одделение за прекуграничен криминал, миграции странци и реадмисија Скопје поднесе кривична пријава против З.Р.(38) и Б.Н.(26), двајцата од с.Блаце, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење“. На 10.02.2025 на илегален премин од Косово во нашата земја, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „фолксваген шаран“ со скопски регистарски ознаки, во кое се превезувале пријавените, при што во возилото пронашле и одзеле разновидни пратки, кои биле нарачани преку интернет и за кои не поседувале никаква документација и за кои сакале да избегнат царинска и гранична контрола. миа/миа/

фото: МИА архива

 

 

You May Also Like