Соиграч на Дончиќ од ЛА Лејкерс доби словенечки пасош
- Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс Џексон Хејс за американските медиуми потврди дека добил словенечки пасош што значи дека ќе може да настапува и за словенечката репрезентација и да настапува заедно со клупскиот соиграч Лука Дончиќ и на репрезентативно ниво
- Post By Спорт Инфо
- 19:27, 21 April, 2026
Лос Анџелес, 21.април 2026 (МИА) – Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс Џексон Хејс за американските медиуми потврди дека добил словенечки пасош што значи дека ќе може да настапува и за словенечката репрезентација и да настапува заедно со клупскиот соиграч Лука Дончиќ и на репрезентативно ниво. Право на настап ќе има веќе во летните „прозори“ на ФИБА кога ќе се играат квалификации за Светското првенство.
- Не знам ниту збор словенечки … знам некој, но тоа не е за пред новинари, изјави Хејс пред новинарите.
Хејс беше пик број 8 на драфтот во 2019 година, а сезонава неговите бројки се: 7,5 поени и 4,5 скокови за 18 минути. Пред него за репрезентацијата на Словенија настапуваа Ентони Рендолф, Мајк Тоби и Џош Нибо. Мн/
Фото: ЕПА