• Wednesday, 22 April 2026

Популарни цени за ракометниот спектакл во Охрид

Популарни цени за ракометниот спектакл во Охрид

Охрид, 21. април 2026 (МИА) – Ракометниот клуб Охрид во онлајн продажба ги пушти влезниците за полуфиналето од ЕХФ Европскиот куп против словенечката екипа Цеље. Во зависност од местото во СЦ „Билјанини извори“ цената на влезниците изнесува 200 и 300 денари.

Реванш дуелот се игра на 2. мај (сабота) во Охрид со почеток во 19 часот, а првиот дуел на програмата е на 25. април на теренот на противникот.

Влезниците за дуелот во Охрид можат на се купат на: https://mktickets.mk/event/grkoh-3/

Од ГРК Охрид управата, стручниот штаб и ракометарите очекуваат на реваншот во Охрид публиката да биде осми играч на екипата. мн/

Фото: Фејсбук ГРК Охрид