Менаџерот на Ливерпул ја знае одлуката на сопствениците за неговата иднина
- Шампионот на Англија, Ливерпул оваа сезона е далеку од одбрана на шампионската титула и сè уште нема обезбедено место во Лигата на шампионите
- Post By Спорт Инфо
- 18:23, 21 April, 2026
Ливерпул, 21.април 2026 (МИА) – Шампионот на Англија, Ливерпул оваа сезона е далеку од одбрана на шампионската титула и сè уште нема обезбедено место во Лигата на шампионите. Променливите резултати и пред сè неочекуваниот број на порази во Премиер лигата и Лигата на шампионите во текот на сезоната донесе големо незадоволство кај навивачите кон менаџерот Арне Слот, кој лани во првата сезона го донесе клубот до шампионскиот пехар. Но, довербата брзо ја загуби.
Притисокот врз Слот е огромен пред сè во вториот дел од сезоната, но победата во неделата во градското дерби против Евертон го зацврсти Ливерпул на петтото место со седум бодови предност пред Челзи, кој е на позиција зад него.
Како што пренесува Скај Спорт, Арне Слот ќе остане на клупата на Ливерпул бидејќи сопствениците на клубот донеле одлука, тој и следната сезона да биде на клупата бидејќи клубот ќе игра во Лигата на шампионите.
Така ќе пропаднат желбите на навивачите на менаџерското место да дојде Чаби Алонсо, кој со успех настапуваше во Ливерпул и ја освои европската титула во 2005 година.
Петтото место сезонава во Премиер лигата ќе носи место во Лигата на шампионите, откако Арсенал оваа сезона избори полуфинале во Лигата на шампионите. мн/
Фото: ЕПА