Си Џинпинг не доаѓа во Брисел на јубилејниот самит
- Кинескиот претседател Си Џинпинг ја одби поканата да присуствува на самитот во Брисел по повод 50-годишнината од дипломатските односи меѓу ЕУ и Кина, објави „Фајненшл Тајмс“.
- Post By Сања Костовска
- 20:40, 16 March, 2025

Пекинг, 16 март 2025 (МИА) - Кинескиот претседател Си Џинпинг ја одби поканата да присуствува на самитот во Брисел по повод 50-годишнината од дипломатските односи меѓу ЕУ и Кина, објави „Фајненшл Тајмс“.
Наместо тоа, Пекинг соопшти дека кинескиот премиер Ли Чијанг ќе се сретне со претседателите на Европскиот совет и Европската комисија, пренесува британскиот весник повикувајќи се на два извори запознаени со ситуацијата.
Иако традиционално премиерот на Кина присуствува на самитите во Брисел, а претседателот на самитите во Пекинг, ЕУ се надеваше дека Си ќе дојде во чест на јубилејот.
Односите меѓу Брисел и Пекинг се затегнати по руската инвазија на Украина во 2022 година, при што ЕУ ја обвинува Кина за индиректна поддршка на Кремљ, наведува медиумот.
Минатата година Унијата воведе царини на кинеските електрични возила, што дополнително ги заостри односите.
„Во тек се неформални разговори и за датумот на самитот и за нивото на претставеност“, изјавил функционер од ЕУ за ФТ. ссм/
фото: архива