Кина повика на дијалог по нападите на Хутите врз американскиот носач на авиони
- Кина денеска повика на дијалог по двата напади на американскиот носач на авиони „Хари Труман“, за кои одговорноста ја презедоа јеменските бунтовници Хути.

Пекинг, 17 март 2025 (МИА) - Кина денеска повика на дијалог по двата напади на американскиот носач на авиони „Хари Труман“, за кои одговорноста ја презедоа јеменските бунтовници Хути.
„Ситуацијата во Црвеното Море и јеменското прашање имаат сложени причини и треба соодветно да се решат преку дијалог“, изјави портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи Мао Нинг на редовната прес-конференција во Пекинг. паг/
Фото: МИА архива