Бугарско Министерство за здравство: Состојбата на 14-те повредени од пожарот во Кочани е тешка, петмина се интубирани
- Најновите информации за здравствената состојба на повредените ќе бидат достапни за нивните најблиски во следните термини: УМБАЛСМ „Пирогов“ (Софија) – во 08:00 и 13:30 часот пред Одделот за реанимација на Клиниката за изгореници (втор кат). МБАЛ-Варна при ВМА – во 09:00 и 12:00 часот. УМБАЛ „Св. Георги“ – Пловдив – од 08:30 до 09:00 и од 17:00 до 17:30 часот.
- Post By Сања Костовска
- 11:18, 17 March, 2025

Софија, 17 март 2025 (МИА) - Бугарија прими 14 повредени во пожарот во ноќниот клуб во Кочани, кои се хоспитализирани во три болници. Според информациите од здравствените установи, сите пациенти се во тешка состојба, со изгореници и вдишување на жешки гасови, јави БТА.
Во Универзитетска мултипрофилна болница за активно лекување и ургентна медицина „Н.И. Пирогов“ во Софија примени се осум пациенти, од кои тројца се малолетни на возраст од 15 и 16 години. Останатите петмина се на возраст од 19 до 31 година, а пет од нив се интубирани.
Во Мултипрофилна болница за активно лекување Варна при Воената медицинска академија се хоспитализирани тројца повредени, на возраст 17, 20 и 25 години. Двајца од нив се на апарат за механичка вентилација.
Во УМБАЛ „Св. Георги“ – Пловдив исто така се примени тројца пациенти, на возраст 19, 21 и 49 години, со изгореници од втор и трет степен, како и оштетувања од вдишување на жешки гасови.
Информации за состојбата на пациентите
Најновите информации за здравствената состојба на повредените ќе бидат достапни за нивните најблиски во следните термини:
УМБАЛСМ „Пирогов“ (Софија) – во 08:00 и 13:30 часот пред Одделот за реанимација на Клиниката за изгореници (втор кат).
МБАЛ-Варна при ВМА – во 09:00 и 12:00 часот.
УМБАЛ „Св. Георги“ – Пловдив – од 08:30 до 09:00 и од 17:00 до 17:30 часот.
Министерството за здравство на Бугарија обезбеди 24-часовна телефонска линија за информации за болниците каде што се сместени повредените. Телефонскиот број е +359 2 8050 300. ссм/
фото: БТА