• Friday, 21 February 2025

Рубио им се заблагодари на ОАЕ за „силните и трајни односи“

Рубио им се заблагодари на ОАЕ за „силните и трајни односи“

Вашингтон, 19 февруари 2025 (МИА) - Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска во разговор со претседателот на Обединетите Арапски Емирати шеикот Мохамед бин Зајед ал-Нахјан се заблагодари на таа држава за „силните и трајни односи“ обележани со силни економски врски, соработка во областа на одбраната и заедничките интереси на полето на регионалната стабилност, соопшти денеска портпаролката на Стејт департментот, Тами Брус.

Темите на состанокот ги вклучувале вештачката интелигенција, Појасот Газа, Сирија, Либан и Црвеното Море, кое беше место на напади на јеменските бунтовници Хути додека не беше постигнато примирје во Газа, додаде Брус.

Засега нема официјални изјави од ОАЕ, за што разговарале на средбата Рубио, шеикот Мохамед и шеикот Абдула бин Зајед ал Нахјан, министер за надворешни работи на ОАЕ. рп/

Фото: ЕПА