Американскиот Сенат го изгласа Пател за директор на ФБИ
- Кеш Пател е новиот шеф на Федералното истражно биро (ФБИ), потврди денеска американскиот Сенат.

Вашингтон, 20 февруари 2025 (МИА) – Кеш Пател е новиот шеф на Федералното истражно биро (ФБИ), потврди денеска американскиот Сенат.
Сенатот го потврди Пател со тесно мнозинство од 51 глас „за“ и 49 „против“.
Пател, поранешен функционер во Министерството за одбрана во првиот мандат на американскиот претседател Доналд Трамп, повика на радикална ревизија на ФБИ, ветувајќи дека ќе ги прошири неговите акции против илегалната имиграција и насилниот криминал, кои се клучни приоритети на Трамп во новиот мандат. јт/
Фото: ЕПА