• Friday, 04 October 2024

Распишан поетски конкурс за 57. Детски Рацинови средби

Распишан поетски конкурс за 57. Детски Рацинови средби

Велес, 3 октомври 2024 (МИА) - Распишан е меѓународен поетски конкурс  за 57 Детски Рацинови средби на тема „Мене и душата ми е црвена“ – Рацин.

Како што информираат од Општина Велес, која е организатор на средбите, конкурсот е отворен до 31 октомври, а право на учество имаат ученици од VI до IX одделение од oсновните училишта и ученици од I до IV година од средните училишта.

Творбите се класифицирани во две категории: за основно и за средно образование.

Секој ментор има право да учествува со творба од еден ученик. Од секое училиште можат да бидат испратени најмногу до пет поетски творби.

Најзначајно е детските песни да се оригинални и соодветни на темата.

Поетските творби да се испратат на е-адреса: detskiracinovi57@gmail.com со назнака „за поетски конкурс“ .

Со творбата наведете ги следните податоци: име и презиме на ученикот, училиште, место, ментор, телефонски број и е-адреса.

Од Општина Велес појаснваат дека откако жири-комисијата ќе направи избор, наградените ќе бидат известени за начинот и времето на одржување на Манифестацијата.,

Детските Рацинови средби се одржуваат секоја година во чест на поетот и револуционер Коста Солев Рацин во неговиот роден Велес.ад/са/

Фото: МИА