• Saturday, 05 October 2024

Во Штип одбележан Денот на учителот

Во Штип одбележан Денот на учителот

Штип, 4 октомври 2024 (МИА) - По повод Светскиот ден на учителот 5 Октомври, денеска Општина Штип организираше свечена академија. Градоначалникот Иван Јорданов истакна дека градот Штип од секогаш бил образован центар, бидејќи во него работеле и се едуцирале учители и ученици кои со своето постоење оставиле длабоки траги во нашата историја.

Тој на сите наставници им го честиташе празникот додавајќи дека овој ден е еден од најзначајните кој го одбележува целиот свет.

-Ми претставува огромна чест и задоволство да се обратам пред вас по повод еден од најзначајните денови кој го одбележува целиот свет, денот на учителот. Образованието како еден од клучните сегменти во општеството е секогаш од посебен интерес и во фокусот и вниманието на секој народ. Денес несомнено имаме причина да бидеме горди, бидејќи Штип од секогаш бил образован центар во кој со голем ентузијазам и желба за знаење значајни луѓе биле учители и ученици во овој град. Тоа биле величини кои со своето постоење оставиле длабоки и неизбришливи траги во историјата на македонскиот народ, рече Јорданов.

Додаде дека она со што се соочуваат наставниците е сложена задача, која бара многу знаење, поседување вештини, како и на знаење за решавање на сите проблеми, па затоа неопходно е ангажирање на сите одговорни институции за да се постигне квалитет. 

На настанот во Штип учествуваа наставници и професори од повеќето училишта, како и ученици кои со своите рецитали и песни ја збогатија програмата за одбележувањето на денешниот ден. вдј/хс/

Фото: МИА