Прекин во водоснабдувањето за утре најавено во Делчево
- Прекин на водоснабдувањето во Делчевско, за утре најави Јавното комуналното претпријатие „Брегалница" од Делчево. Од претпријатието со соопштение ги известуваат граѓаните на Делчево и околните места дека прекинот на водоснабдувањето е поради реконструкција на водоводната мрежа на влезот во градот.
Делчево, 2 јули 2024 (МИА) - Прекин на водоснабдувањето во Делчево и околните места, за утре најави делчевското Јавно комуналното претпријатие „Брегалница".
Од претпријатието соопштија дека прекинот во водоснабдувањето е поради реконструкција на водоводната мрежа на влезот во градот, односно поради нормализирање на дотокот на вода во цевководот од Тработивиште до Делчево.
Од претпријатието апелират до корисниците навреме да си обезбедат вода за лични потреби. вс/
Фото: МИА