• Friday, 26 July 2024

Прекината работата на аеродромот во Франкфурт поради протести на климатски активисти

Прекината работата на аеродромот во Франкфурт поради протести на климатски активисти

Франкфурт, 25 јули 2024 (МИА) - На аеродромот во Франкфурт, најпрометниот во Германија, утрово е прекината работата – слетувања и полетувања - откако еколошки активисти насилно влегоа на писта.

„Правиме се за да ги отстраниме климатските активисти од асфалтот“, изјави портпаролот на полицијата.
Организаторите на проптестот кои се нарекуваат Последна генерација објавија на Х дека нивни активисти се залепиле на писта на аеродромот. 
Според полицијата, активистите упаднале утрово насилно на писти на аеродромот. зш/