Во САД уапсен водачот на мексиканскиот наркокартел Синалоа
- Водачот на мексиканскиот наркокартел Синалоа, Исмаел Ел Мајо Замбада е уапсен во американската сојузна држава Тексас, соопштија американските федерални власти
- Post By Марина Илиевска
- 08:29, 26 July, 2024
![Во САД уапсен водачот на мексиканскиот наркокартел Синалоа](https://mia.mk/images/20240726082951_big_730x400_43.webp )
Вашингтон, 26 јули 20245 (МИА) – Водачот на мексиканскиот наркокартел Синалоа, Исмаел Ел Мајо Замбада е уапсен во американската сојузна држава Тексас, соопштија американските федерални власти.
Замбада (76) го основал картелот заедно со Хоакин Ел Чапо Гузман, кој моментално е во затвор во САД. Синот на Хоакин Ел Чапо Гузман, Хоакин, беше уапсен заедно со Замбада во Ел Пасо
Во февруари Замбада беше обвинет во Бруклин за илегална трговија со фентанил, а двајцата се обвинети за насочување на криминалните операции на картелот во САД, вклучително и производство и трговија со фентанил.
Замбада е уапсен по повеќегодишното бегство, а за информации за него беше понудена награда од пет милиони долари од Стејт департментот, додека наградата на ДЕА беше 15 милиони долари. ми/
фото: ЕПА