Потер останува шведски селектор
- Селекторот на Шведска, Греам Потер, го продолжи договорот до 2030 година, објави денеска Шведската фудбалска асоцијација (SvFF).
- Post By Емил Гашевски
- 15:28, 12 March, 2026
Стокхолм, 12 март 2026 (МИА) – Селекторот на Шведска, Греам Потер, го продолжи договорот до 2030 година, објави денеска Шведската фудбалска асоцијација (SvFF).
Педесетгодишниот Потер, кој се здоби со слава во шведскиот клупски фудбал за време на многу успешниот седумгодишен престој на клупата на Естерсунд, пред да ги води лондонските клубови Челзи и Вест Хем Јунајтед, прифати краткорочен договор со Шведска во октомври 2025 година.
„Можноста да продолжам во оваа улога ми значи многу. Чувствувам голема гордост и голема одговорност“, рече Потер.
Претходникот на Потер, Данецот Јон Дал, беше отпуштен по лошиот настап на Шведска во квалификациите за Светското првенство. Но, Шведска сè уште може да се квалификува за Светското првенство преку плејофот во кој ќе игра против Украина, во Валенсија на 26 март, а доколку победи во финалето ќе се соочи со победникот од дуелот меѓу Полска и Албанија, закажан за 31 март во Стокхолм. ег
ФОТО: ЕПА