• Friday, 13 March 2026

Дуплантис постави нов светски рекорд во скок со стап

Дуплантис постави нов светски рекорд во скок со стап

 

Упсала, 12 март 2026 (МИА) – Легендарниот шведски атлетичар во скок со стап Арманд „Мондо“ Дуплантис постави нов светски рекорд, прескокнувајќи ја летвичката вечерва на домашен терен во Упсала на височина од 6,31 метри.

Дваесетишестгодишниот Дуплантис го постави новиот светски рекорд при својот прв обид да ја прескокне оваа височина.

Ова е 15. пат во кариерата на Дуплантис да го собори светскиот рекорд.

Неговата серија започна во 2020 година кога го симна од тронот Французинот Рено Лавилени со скок од 6,17 метри.ег

ФОТО: ЕПА