• Friday, 13 March 2026

Наковски Волеј против тројца дебитанти ќе го брани трофејот во женскиот одбојкарски Куп

Наковски Волеј против тројца дебитанти ќе го брани трофејот во женскиот одбојкарски Куп

Скопје, 12 март 2026 (МИА) – Завршницата од Купот на Одојкарската федерација на Македонија (ОФМ) во женска конкуренција оваа година ќе ја сочинуваат бранителот на титулата Наковски Волеј и тројца дебитанти – Вардар ЕМ, Младост УГД и Газели Волеј.

Одбојкарките на Газели Волеј, кои оваа година дебитираат во прволигашпката конкуренција, се последниот тим кој го потврди своето место на финалниот турнир од Купот, откако во завршниот четвртфинален дуел пред својата публика во Скопје со 3:0 (25:16, 25:20, 25:13) го елиминираше Пелистер Волеј.

Со убедливата победа Газели Волеј им се приклучија на Наковски Волеј, како и Вардар ЕМ и Младост УГД, кои испишаа клупска историја, и уште минатата недела го потврдија своето место во полуфиналето. ег

ФОТО: ОФМ