• Friday, 21 February 2025

Петрушевски: Љупчо Коцевски ја оневозможува правдата, 0% реализација и целосно кочење на постапки

Петрушевски: Љупчо Коцевски ја оневозможува правдата, 0% реализација и целосно кочење на постапки

Скопје, 20 февруари 2025

Љупчо Коцевски ја оневозможува правдата, 0% реализација и целосно кочење на постапки.

Љупчо Коцевски како шеф на ЈО покажа дека е безпоговорен послушник на СДС.

Дека Љупчо Коцевски не планирал да гони криминал, туку да ги штити кадрите на СДС е непостапувањето против судиите и обвинителите во случајот со Наќе Георгиев и Иџет Мемети, кои признаа вина дека се стекнале со имотна корист за да влијаат на намалување на казната на Боро Марлборо.

Љупчо Коцевски ги остави метастазите на СДС во правосудството да се шират.

Љупчo Коцевски како шеф на ЈО покажа дека е неспособен да реализира предмети на висока корупција, затоа што ги штитеше кралевите на криминалот и корупцијата - СДС.

Во јавноста и стручната фела нема еден аргумент зошто Љупчо Коцевски треба да остане, а милион зошто треба да си замине. Време е за одговорност.

 

Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

______________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки