• Wednesday, 28 January 2026

Општина Велес ќе подели нови 1150 пластични канти за отпад за домаќинствата во руралните средини

Општина Велес ќе подели нови 1150 пластични канти за отпад за домаќинствата во руралните средини

Велес, 27 јануари 2026 (МИА) - Општина Велес во соработка со Бирото за регионален развој  обезбеди 1150 канти за отпад, а кои во наредниот период ќе бидат дистрибуирани до домаќинствата во руралните средини преку службите на ЈКП „Дервен“,информира денеска градоначалникот Марко Колев.

-Со овој проект ќе придонесеме за подигање на свеста и здрава и чиста животна средина и во руралните средини,потенцира Колев.

Инаку Општина Велес почнувајќи од 2014 година наваму континуирано секоја година, а со средства од општинскиот буџет подели бесплатно зелени и жолти канти од 120 литри за сите велешки домаќинсства во градот и некои приградски и селски населби. ад/нд/

Фото: МИА архива

 

You May Also Like