МИА Најави МКД
- МИА Најави МКД
28 јануари 2026
Скопје - Собранието на РС Македонија ќе ја одржи 83-тата седница. (Сала „Македонија“/11:00)
Скопје - Седница на собраниската Комисија за социјална политика, демографија и млади. (Сала 5/10:30)
Скопје - Седница на Законодавно-правна комисија. (Сала 6/10:45)
Скопје - Претседателот на Собранието, Африм Гаши, ќе потпише Меморандум за соработка со Приватна високообразовна установа БРЕИНСТЕР НЕКСТ. (Сала „Длаборез“/10:00)
Скопје - Претседателот на Собранието, Африм Гаши ќе оствари средба со кинеската амбасадорка, Џианг Сиаојан. (Стар кабинет/14:30)
Скопје - Промоција на два истражувачки труда „Анализа на јавното мислење за пристапување на Северна Македонија во Европската Унија (2014 - 2025) и „Нови глобални неизвесности, стари европски обврски: Јавното мислење за пристапување во ЕУ во 2025“. (Сала „Борис Трајковски“, изјави за медиумите/10:00)
Скопје - Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски ќе ја пречека албанската министерка за внатрешни работи Албана Кочиу и ќе одржат билатерална средба по која се предвидени изјави за медиумите. (Министерство за внатрешни работи/10:45)
Скопје - Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски ќе се обрати на јавната расправа за Нацрт-законот за отворени податоци и повторна употреба на податоците од јавниот сектор, подготвен во рамки на усогласувањето со правото на Европската Унија и европските политики во оваа област. (Центар за иновации „Инокс“/10:00, изјава за медиумите по воведните обраќања/10:15)
Скопје - Форум за користење на податоците за вистинските сопственици во борбата против корупцијата. (х.„Холидеј Ин“/10:00, изјава за медиумите /9:45)
Скопје - Јавна расправа по Предлогот на Законот за здруженија и фондации. (Дом на хуманитарните организации ,,Даре Џамбаз“, ул.,,11 Октомври“ бр.42-а/11:00)
Скопје - Изјава за медиуми на претседателот на СДСМ, Венко Филипче. (сала „Борис Трајковски“, во Собранието на Република Северна Македонија/10:00)
Скопје - Прес-конференција со Бајага & Инструктори и Владо Јаневски. (ROOSTY, бул.„Партизански одреди“ бр.89/13:00)
Скопје - Промоција на албумот „Beyond the Silence“ на виолончелистот Антонио Илиоски. (Аудиокултура/19:00)
Скопје - Изведба на „Кавалерија Рустикана“ на Пјетро Маскањи во Националната опера и балет. (МОБ/19:30)
Скопје - Концерт на „ПАРУСИОН“. (МКЦ, кино Фросина/20:00)
____________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***