• Friday, 21 February 2025
English
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Општина Велес и годинава продолжува со исплата за новороденче по 3000 денари

Општина Велес и годинава продолжува со исплата за новороденче по 3000 денари

Велес, 30 јануари 2025 (МИА) - Општина Велес и во 2025 година продолжува со исплата на еднократна парична помош во износ од 3 000 денари за секое новороденче.

Повеќе информации околу критериумите и начинот на исплата семејствата на новороденчињата може да најдат на следниот линк: bit.ly/3HbXtih,  информираат од Општина Велес.

Воедно за МИА, појаснуваат дека по овој основ во 2024 година од општинската каса биле исплатени вкупно 528 илјади денари или по 3 000 денари на семејствата на 176 новороденчиња од Велес, од кои 96 машки и 80 женски новороденчиња. ад/дма/

Фото: МИА архива