Одбележани пет години од формирањето на Вики клубот Велес, членка на WIKIPEDIA Македонија
- Вики клубот Велес има преведено над седум илјади статии на македонски јазик од различни области, а имаат создадено над 80 нови статии на македонски јазик кои се поврзани со разни настани и случувања во Велес и значајни личности родени во градот и оставиле свој белег, информира за МИА Лили Арсова, претседател на Вики клуб Велес.

Велес, 20 февруари 2025 (МИА) - Во медијатеката на Локалната библиотека „Гоце Делчев“ членовите на Вики клубот Велес, кој е членка на WIKIPEDIA Македонија денескa прославија 5-ти роденден.
Основани се на 20 февруари 2020 година, a oдржани се многу работилници, уредувачки денови, многу обуки за ученици и наставници.
-Вики клубот Велес има преведено над седум илјади статии на македонски јазик од различни области, а имаат создадено над 80 нови статии на македонски јазик кои се поврзани со разни настани и случувања во Велес и значајни личности родени во градот и оставиле свој белег, информира за МИА Лили Арсова, претседател на Вики клуб Велес.
Воедно на WIKIPEDIA имаат закачено и над 200 фотографии од Велес и велешко. Над 130 ученици имаат поминато во Вики клуб Велес, дел од нив не се веќе со нив, а некои се студенти. Вики клуб јуниор го сочинуваат претежно наставници, соработуваат и со Локалната библиотека „Гоце Делчев“, со Народниот Музеј и Еколошкото друштво „Вила Зора“ од кои имаат голема поодршка за преведување на статиите и добивање на фотографии.
Арсова информира дека во нивната работа ја имаат и подршката од Општина Велес со која имаат потпишано и Меморандум за соработка.
- Горди сме што Вики клуб Велес не е училишен клуб туку е Вики клуб на ниво на град, каде што секој волонтерски може да го даде својот допринос. Воедно учениците и возрасните наши членови-преведувачи ако се потрудат повеќе можат да добијат и награда кога учествуваат на уредувачките натпревари, а кои што постојано се организираат, појасни Арсова.
Воедно информира дека секоја недела имаат повици за преведување на статии во вторник и четврток и викенд сабота-недела, а темата ја одредува тимот на WIKIPEDIA на македонски јазик. Тие на светско ниво се приклучуваат за преведување на разни статии: за климатските промени, за Ромите, за актуелни случувања во моментот и друго, а за кои се прават повици и се преведуваат статии на одредена тема.
Сите заинтересирани можат да ги следат на WIKIPEDIA на македонски јазик и на нивната Фејсбук страна.
Арсова информира дека во моментов е во тек натпреварот „Запознајте ја Словенија“ каде учествуваа ученици од Вики клубовите од цела Македонија. Тоа е можност учениците да научат многу повеќе за оваа земја и да создадат статии за Словенија на македонски јазик, а воедно најдобрите пет статии ќе добијат и награди.
Таа најави дека наскоро ќе има повик за урдување статии за жената по повод Меѓународниот празник 8 ми Март. Воедно информира дека секоја година се преведуваат статии на македонски јазик за Ромите, за нивната култура и традиција за што исто така ќе има и повик. Најуспешните членови на Вики Клубовите од земјава секоја година земаат учество на Вики камп во некој од турстичките места во земјава.
Снежана Штрковска извршен директор на Здружението WIKIPEDIA Македонија за МИА, информира дека во земјава има формирано десетина ВИКИ Клубови, а некои од нив и згаснале, но еден од најактивните во земјава е Вики клубот од Велес.
Информира дека како здружение постојат од 2014 година, а дека од пред две години го променило само името во WIKIPEDIA Македонија.
- Здружението прибира разни материјали кои се ослободени од авторски права и кои можат да се користат за WIKIPEDIA, која е енциклопедија он-лајн на интернет и која секој може да ја уредува, појасни Штрковска.
Додава дека WIKIPEDIA e место каде што се пишува и се поставуваат статии и текстови и се користат сликите коишто се прикачени.
-Меѓутоа сите проекти кои ние ги работиме некогаш се за некои, како што ние ги нарекуваме, сестрински проекти. Како на пример за „Заедничката ризница“ каде се поставуваат разни фајлови, Вики податоци каде што се поставуваат некој друг тип на податоци и.т.н, вики цитати и друго. Некои од проектите што ги работиме од 2016 година, а кога започнавме со формирање на ВИКИ клубови во земјава, од кои првиот и најголем е во Скопје, а ВИКИ Клубот во Велес е еден од најактивните кој постои и успешно работи веќе пет години, а потврда за тоа е денешната роденденска прослава, потенцира Штрковска.
Таа воедно ги повика сите кои се заинтерсирани да се приклучат на WIKIPEDIA за преведување на статии на македонски јазик. Воедно потенцира дека нивниот труд е значаен и останува во трајно наследство, затоа што се што тие ќе преведат ќе остане на WIKIPEDIA Македонија. Воедно потоа други заинтересирани ќе можат да ги користат статиите.
Штрковска вели дека WIKIPEDIA пишува статии од неутрално гледна точка без коментари за темата, а за која се пишува односно преведува. ад/ев/
ФОТО: МИА