• Thursday, 30 January 2025

Премиера на „Да живее Долна Дупка“ во Театар Комедија

Премиера на „Да живее Долна Дупка“ во Театар Комедија

Скопје, 29 јануари 2025 (МИА) - Театар Комедија вечер ќе ја прикаже премиерата на „Да живее Долна Дупка“, чиј автор и режисер е Коле Ангеловски.

-Соработката на Театар Комедија со овој македонски театарски и филмски глумец, режисер и драмски автор продолжува на барање на публиката на Театар Комедија, која го познава творечкиот набој на Коле Ангеловски преку досегашните две успешни претстави на сцената на Театар Комедија, Ах, љубов моја, претстава со која и официјално почна да работи Театар Комедија во 2012 година и Не сега драга од Реј Куни во 2018 година, велат од Таеатарот Комедија. 

Сценограф и автор на плакат е Илина Ангеловска, костимограф на претставата е Марија Ѓоргиевска, автори на музика Оливер Митковски и Андреја Ристевски, фотографиите на Кире Галевски, проекциите на Михаил Петров.

Во претставата и граат Горан Ников, Роберт Ристов, Јаков Спасов и Жаклина Стевковска. Првата реприза е закажана за 30 јануари. сст/са/

фото МИА архива