• Sunday, 17 November 2024

Намален откупот и продажбата на земјоделски производи

Намален откупот и продажбата на земјоделски производи

Скопје, 16 ноември 2024 (МИА) - Според податоците на Државниот завод за статистика, во третото тримесечје од 2024 година, откупот и продажбата на земјоделски производи изнесуваат 4 703 216 илјади денари и во однос на истиот период од претходната година се намалени за 14.4 %.

Откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители е намален за 19.5 %, а продажбата на земјоделски
производи од сопствено производство e намалена за 8.2 %.

Од вкупната вредност на откуп и продажба на земјоделски производи по групи, забелeжано е намалување на вредноста кај
млечните производи, а зголемување кај рибата, лозарството и кај полјоделските производи.са/

Фото: МИА