„Комунална хигиена“ спроведува секојдневни активности за одржување на хигиената на централното градско подрачје
- СООПШТЕНИЕ-Воедно, екипите на претпријатието ги спроведоа и своите секојдневни редовни активности за празнење на контејнерите и чистење на целокупната микролокација зад објектот на Телеком, на кејот „13 Ноември“, каде што во последниот период е забележана зачестена појава на диви депонии.
Скопје, 16 ноември 2024
ЈП Комунална хигиена-Скопје во текот на денешниот ден реализираше низа секојдневни редовни активности за чистење на повеќе локации во строгиот центар на градот. Активностите се одвиваа во Паркот на жената-борец, каде што беше извршено рачно миење и метење на целокупниот простор, вклучително и големата фонтана во Паркот.
Отстранување на ситните отпадоци, рачно метење и миење е реализирано и на спомениците лоцирани на плоштадот Македонија, како и во реонот на Домот на АРМ и Спомен-куќата на мајка Тереза.
Воедно, екипите на претпријатието ги спроведоа и своите секојдневни редовни активности за празнење на контејнерите и чистење на целокупната микролокација зад објектот на Телеком, на кејот „13 Ноември“, каде што во последниот период е забележана зачестена појава на диви депонии.
Во рамките на денешните редовни активности во централното градско подрачје беа подигнати и транспортирани десет кубни метри непрописно одложен отпад од јавни површини.
ЈП „Комунална хигиена“
__________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.