• Wednesday, 17 July 2024

Над 10 милиони Суданци се прогонети од своите домови, објави Меѓународната организација за миграции

Над 10 милиони Суданци се прогонети од своите домови, објави Меѓународната организација за миграции

Њујорк, 16 јули 2024 (МИА) - Над 10 милиони Суданци, или 20 отсто од населението, се прогонети од своите домови од почетокот на конфликтот, објави Меѓународната организација за миграции (МОМ).

Конфликтот, започнат во април 2023 година, доведе до ситуација каде половина од населението е под закана од глад и потребна им е хуманитарна помош. Повеќе од 2.2 милиони луѓе пребегале во други земји, додека скоро 7.8 милиони се раселени внатре во Судан, известува МОМ во последниот хуманитарен извештај.

Според Светската здравствена организација, главната причина за бегство од Судан е гладот, особено во Дарфур. ссм/