• Wednesday, 15 April 2026

Муцунски телефонски разговараше со Анита Орбан, главен советник за надворешна политика на партијата TISZA во Унгарија

Муцунски телефонски разговараше со Анита Орбан, главен советник за надворешна политика на партијата TISZA во Унгарија

Скопје, 14 април 2026 (МИА) - Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари телефонски разговор со Анита Орбан, главен советник за надворешна политика на новата владејачка партија на Унгарија – TISZA на која била потврдена јасната и силна поддршка од Унгарија за евроинтегративниот пат на земјава.

Во разговорот, министерот Муцунски упатил искрени честитки по повод резултатите на парламентарните избори.

-Соговорниците ги реафирмираа одличните билатерални односи и високото ниво на политичка соработка, изразувајќи подготвеност за нивно понатамошно продлабочување, со посебен акцент на политичката, економската и трговската соработка, се вели во соопштението од МНРиНТ.

Воедно, размениле мислења за евроинтегративниот пат на нашата држава, при што била потврдена јасната и силна поддршка од Унгарија. Станало збор и за актуелните геополитички состојби во Европа и пошироко. сст/дма/

Фото: МИА архива