Во втората крводарителна акција годинава во Дебар, собрани 44 крвни единици
- - Повеќето од оние кои подадоа рака за да даруваат крв беа вработени во комбинатот. Посебно радува фактот што 9 се млади, кои по првпат даруваа крв. Во двете акции и оние дарувани во итни случаи прибрани се 114 крвни единици, што е за 28 повеќе споредено со истиот период лани, рече за МИА, Исни Телќиу, секретар на Општинската организација на Црвен крст.
Дебар, 14 април 2026 (МИА) - Дебарската општинска организација на Црвен крст, денеска ја спроведе втората редовна крводарителна акција за годинава, која според собраните крвни единици се оценува како една од најуспешните.
Акцијата беше реализирана во соработка со Институтот за трансфузиона медицина, чија екипа беше сместена во просториите на фабриката "Кнауф", при што за неколкучасовниот престој беа прибрани 44 крвни единици.
- Повеќето од оние кои подадоа рака за да даруваат крв беа вработени во комбинатот. Посебно радува фактот што девет се млади, кои по првпат даруваа крв. Во двете акции и оние дарувани во итни случаи прибрани се 114 крвни единици, што е за 28 повеќе споредено со истиот период лани, рече за МИА, Исни Телќиу, секретар на Општинската организација на Црвен крст.
Според него, годишниот план за оваа календарска година е 524 крвни единици.
До крајот на годинава, додава, планирани се уште четири редовни и по потреба две вонредни акции. вт/дма/
Фото: МИА