Се уредуваат патишта во виничко, подобар пристап за земјоделците и рекреативците
- По барање на жителите на селото Грљани, на локалитетот Преслапо – Шенкевско маало, Општина Виница започна со порамнување и тампонирање на земјен пат во должина од околу 300 метри.
Виница, 14 април 2026 (МИА) - По барање на жителите на селото Грљани, на локалитетот Преслапо – Шенкевско маало, Општина Виница започна со порамнување и тампонирање на земјен пат во должина од околу 300 метри.
Како што информира градоначалникот Митко Костадиновски, овој пат е од големо значење за мештаните, бидејќи преку него се одвива транспортот на земјоделското производство од овој регион.
Паралелно со оваа активност, започнати се работи и на порамнување и тампонирање на земјениот пат кој води до Трсинска брана, во должина од околу 800 метри. Овој пат е важен за рекреативците и спортските риболовци кои редовно го посетуваат езерото.
Средствата за овие градежни активности се обезбедени од Буџетот на Општина Виница. ис/дма/
фото: Општина Виница