• Wednesday, 01 January 2025

Монтоја: Верстапен нема да биде фаворит за титулата во 2025 година

Монтоја: Верстапен нема да биде фаворит за титулата во 2025 година

Милтон кинс, 29 декември 2024 (МИА) - Според поранешниот возач на Формула 1, Хуан Пабло Монтоја, четирикратниот светски шампион Макс Верстапен нема да биде меѓу фаворитите за освојување на титулата во 2025 година.

Колумбиецот верува дека поради заостанувањето, кое се забележа кај Ред Бул во текот на сезоната 2024, Верстапен нема да биде меѓу главните конкуренти следната година. Според Монтоја, возачите на Мекларен (Ландо Норис и Оскар Пјастри) и на Ферари (Шарл Леклер и Луис Хамилтон) ќе се борат за титулата.

-За Верстапен следната сезона ќе биде тешка. Доколку Ред Бул не направи ненадеен голем чекор напред, ќе му биде многу тешко да стане шампион со овој болид. Тие едноставно немаат брзина во моментов. Не го гледам како фаворит. Ако ги погледнете последните трки од сезоната, нема шанси да се смета за фаворит. Ќе треба да почекаме и да видиме што ќе прават Ред Бул следната година, но мислам дека битката за титулата ќе се води меѓу возачите на Мекларен и Ферари. За мене уште поверојатно е дека возачите на Мерцедес ќе бидат пред Ред Бул, изјави Монтоја. дс

Фото: Архива