Мицкоски: Македонскиот јазик не е само средство за комуникација, туку жива историја, длабока емоција и идентитет
- Македонскиот јазик не е само средство за комуникација, туку жива историја, длабока емоција и идентитет што го носиме во секој збор. Да го чуваме, негуваме и гордо пренесуваме на идните генерации, бидејќи секоја изговорена реченица е сведоштво за нашата култура, традиција и непокор. Среќен нека е денот на сите што зборуваат од срце, на јазикот на своите корени!, објави премиерот Христијан Мицкоски на Фејсбук по повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик.

Скопје, 21 февруари 2025 (МИА) - Македонскиот јазик не е само средство за комуникација, туку жива историја, длабока емоција и идентитет што го носиме во секој збор. Да го чуваме, негуваме и гордо пренесуваме на идните генерации, бидејќи секоја изговорена реченица е сведоштво за нашата култура, традиција и непокор. Среќен нека е денот на сите што зборуваат од срце, на јазикот на своите корени!, објави премиерот Христијан Мицкоски на Фејсбук по повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик.
- Денес, на Меѓународниот ден на мајчин јазик, да му оддадеме почит на јазикот што нè обликува, нè учи да сакаме, да се бориме и да мечтаеме. Јазикот е наш долг и наше право – Крсте П. Мисирков, напиша Мицкоски.са/дма/
Фото: МИА архива