• Tuesday, 14 January 2025

Министрите за одбрана на Европа разговараат за безбедноста, во пресрет на преземањето на функцијата на Трамп

Министрите за одбрана на Европа разговараат за безбедноста, во пресрет на преземањето на функцијата на Трамп

Варшава, 13 јануари 2025 (МИА) -  Министрите за одбрана од Полска, Германија, Франција, Италија и Велика Британија се состанаа денеска во Варшава за да разговараат за европските безбедносни прашања во нов петнасочен формат воспоставен по победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД.

Европските сојузници, одговарајќи на тоа дека Трамп постојано ја поткопуваше сигурноста на САД во НАТО алијансата, пред се бараат да ја зајакнат европската безбедност и подготвеноста за конфликти, јави ДПА.

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус предупреди да не се намалува воената помош за Украина.

„Ќе ја поддржуваме Украина на нејзиниот пат онолку долго колку што е потребно. Ова продолжува да важи“, рече тој на почетокот на консултациите.

„Она што ни треба е праведен и траен мир, кој мора да биде крајниот резултат. Мир за кој не се преговара над Украина со никого, туку за кој е праведен и одржлив и може да се обезбеди“, рече Писториус.

Министрите треба да разговараат и за долгорочното зајакнување на украинската одбранбена индустрија и рекоа дека европските одбранбени компании и нивните соодветни синџири на снабдување можат и треба да играат важна улога во тоа.

Писториус рече дека „нашите индустрии за возврат ќе учат од украинското искуство на бојното поле во примената на системи и оружје“.

Не е јасно дали или до кој степен САД ќе ја продолжат сегашната воена поддршка за Украина под водство на Трамп. На една недела до инаугурацијата на Трамп на 20 јануари, европските министри за одбрана сакаат да разговараат и за дополнителна помош за Украина.

Исто така, ќе покаже како министрите ќе одговорат на најновите изјави на Трамп со кои се залага Гренланд, кој и припаѓа на Данска, и неговите амбиции да ја анектира Канада - и двете сојузници во НАТО. зш/