• Sunday, 09 March 2025

МИА Најави МКД (ДПЛ)

МИА Најави МКД (ДПЛ)

7 март 2025 

Скопје - Собранието на Република Северна Македонија ќе ги одржи 38-та и 39-та седница. (Сала „Македонија“/11:00/13:00)

Скопје - Седница на собраниската Законодавно-правната комисија. (Сала 6/ 10:30)

Скопје - Прес-конференција на пратеникот Амар Мециновиќ. (Прес-центар/10:40)

Скопје -  Премиерот Христијан Мицкоски во рамки на теренските посети на општините „Каде што срцето е дома“ во организација на Министерството за локална самоуправа ќе присуствува на почеток на реконструкција на потпорните ѕидови и регулирање на коритото на реката Мала Рада во с. Драчево во Општина Кисела Вода, при што е предвидена изјава за медиуми. (локација / 12:00

Скопје - Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, ќе одржи брифинг за медиумите. (МНРНТ/10:00, без камери)

Скопје - Mинистерот за правда Игор Филков ќе се обрати на jавна расправа за Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси. (хотел „Александар Палас“/13:00)

Скопје - Министерката за образование и наука, Весна Јаневска и градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски ќе го посетат основното училиште „Димитар Поп Георгиев - Беровски“. (11:30)

Скопје - Министерот за здравство Арбен Таравари ќе ја посети Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби, по повод промоција на нова медицинска опрема и комплетно реновирање на повеќе оддели на клиниката. (10:00

Скопје - Седница на Совет на јавни обвинители. (10:30)

Скопје - Директорот на Државниот пазарен инспекторат, Влатко Стојкоски ќе одржи прес-конференција каде ќе информира за спроведените контроли. (Простории на Државен пазарен инспекторат - улица „Луј Пастер“ број 1, спрат 3/11:00)

Скопје - Трет правосуден форум за родова еднаквост и правосудството во Западен Балкан во пресрет на одбележувањето на 75-годишнината од Европската конвенција за човековите права во организација од АИРЕ Центарот (AIRE Centre), во партнерство со Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) и Британската амбасада во Северна Македонија. (х.„Мериот“/9:30, изјави за медиуми/9:00, по 10:05 часот, Форумот ќе продолжи како затворен настан без присуство на медиуми)

Скопје - Панел дискусија насловена „Трансформативната моќ на социјалните работнички“, во организација на Министерството за социјална политика, демографија и млади и UN WOMEN. ( Центар за социјални претпријатија, зад спомен куќата на Мајка Тереза/11:00)

Скопје - Прес-конференција на претседателот на Сојузот на Синдикатите на Македонија (ССМ), Слободан Трендафилов и претседателот на Синдикатот на индустрија, енергетика и рударство на Македонија (СИЕР), Игор Герасов. (Во кругот на ФАКОМ АД Скопје/11:00)

Скопје - Прес-конференција на Независната истражувачка организација „Реактор - Истражување во акција“. (Парк „Жена Борец“, пред Споменикот на жената борец/11:00

Штип - Здружението Гласен Текстилец ќе одржи Национална конференција за родова еднаквост и дискриминација на работното место. (х.„Оаза“/16:00, изјави за медиумите/15:45)

Скопје - Општина Чаир по повод 7 Март – Денот на Учителите и 8 Март – Меѓународниот Ден на Жената организира свечен настан за да го одбележи значајниот придонес на наставниците, пензионерите и истакнатите жени во заедницата. (Албански театар/13:00)

Битола - НУУБ „Св.Климент Охридски“ - Битола на прес-конференција ќе ги презентираат новите проекти и приоритети за работата на библиотеката. (Сала за прес конференции/12:00

Скопје - Поетско читање насловено „Одблесоци“. (Културен центар „Лабораториум“/19:00)

Скопје - Изложба „Убавите жени во мојот народ“ по повод 8 Март. (Национална и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“/12:00)

Скопје - Отворање изложба на цртежи и честитки изработени од најмалите, децата од предучилишните установи од Скопје под мото - Љубов и насмевка за сите жени. (ЈУ. Детски културен центар-„Карпош“/10:00)

Скопје - Отворање на групна мултимедијална изложба по повод Денот на жените 8 Март со настап на хорот ХМД „ КОЧО РАЦИН“. (Галерија „КО-РА“/19:30)

Скопје - Изведба на балетската претстава „Дамата со камелии“ од Џузепе Верди. (Национална опера и балет/20:00)

Скопје - Гала филмска вечер по повод отворањето на Месецотот на Франкофонијата 2025 со премиерата на филмот „Грофот од Монте Кристо" (2024) во организација на Францускиот институт. (Кино Синеплекс - Скопје Сити Мол/19:00)

___________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

You May Also Like