• Sunday, 09 March 2025

ВРЕДИ: Арбен Таравари и ВРЕДИ носат промени во здравството

ВРЕДИ: Арбен Таравари и ВРЕДИ носат промени во здравството

Скопје, 9 март 2025

Здравството повеќе нема да биде жртва на лошо управување и злоупотреба! Благодарение на министерот Арбен Таравари, Клиниката за инфективни болести, по повеќедецениско запоставување, е реконструирана и опремена со најсовремена технологија. Со инвестиција од 1,5 милиони евра првиот кат е претворен во достоен простор за пациентите и медицинскиот персонал.

Главните иновации кои до вчера ги немаше а денес се можни на оваа Клиника. Автоматски молекуларен дијагностички анализатор – единствен во регионот за PCR, CRP и HPV. Апарат за аспирација – целосно автоматизиран, прв од ваков вид во земјата. Дополнителна опрема: ЕХО, ултразвучна еластографија, гастроскоп, бронхоскоп, генератор.

Потсетуваме дека Клиниката за инфективни болести е пример за успешно и ефикасно управување. Затоа, истото темпо на работа и посветеност ќе се применува и во другите Клиники со единствена цел на нашите граѓани да им обезбедиме најквалитетни здравствени услуги.

Здравството во нашата земја е разбудено од “клиничката смрт“ откако ВЛЕН стана дел од владата и го предводи Министерството за здравство. Но, сепак треба да продолжи да се подложува на тежок третман за целосно да се регулира овој систем.

Почетокот на спроведувањето на долгоочекуваните реформи донесе надеж. Напорот за подобрување влијаеше на пациентите, лекарите и целиот медицински персонал, како и администраторите. Здравството во текот на изминатите години ја изгуби не само својата репутација и доверба, туку и квалитетот на услугите кои се најпогодни за пациентите.

Здравството, како најважна алка во функционирањето на една држава кај нас, долго време беше осакатено. Бидејќи воопшто немаше инвестиција, се создаде систем кој лошо функционираше, каде здравството беше оставено во мизерија, а политичарите се лекуваа во странство. Оваа практика ќе заврши со новата влада, Владата на ВЛЕН, бидејќи ние сме посветени на подобрување на целиот здравствен систем.

Јавните здравствени установи ќе добијат поголем буџет од 100 милиони евра. Тоа значи дека годинава буџетот за јавните здравствени установи ќе биде околу 540 милиони евра. Но, тоа не е се. Потсетуваме дека по долги години позитивната листа на лекови е подобрена со 9 нови лекови. И, за прв пат во историјата на Северна Македонија, ќе бидат ангажирани 1.200 нови специјалисти со решенија со кои ќе се надополни медицинскиот персонал за граѓаните да добијат најквалитетни здравствени услуги.

Приоритет на ВЛЕН е здравјето на граѓаните!

Коалиција ВРЕДИ

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: МИА архива