МВР билтен (ДПЛ)
- Во СВР Скопје, вчера во 2.30 часот, 28-годишна жена од скопско село пријавила дека завчера околу 11.30 часот во семејниот дом била физички нападната од својот сопруг А.М.(28), кој употребил и тврд предмет.

Скопје, 9 март 2025 (МИА) - Во СВР Скопје, вчера во 2.30 часот, 28-годишна жена од скопско село пријавила дека завчера околу 11.30 часот во семејниот дом била физички нападната од својот сопруг А.М.(28), кој употребил и тврд предмет. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Л.П.(20) од Скопје вчера во 16.10 часот во СВР Скопје пријавил дека истиот ден, околу 15.45 часот на подрачјето на Ѓорче Петров по вербална расправа околу недоразбирање во сообраќајот, бил физички нападнат од едно машко лице, кое што потоа кон него замавнало со велосипед. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Во СВР Скопје вчера во 16.05 часот било пријавено дека околу 15.50 часот на Плоштад „Македонија“ во Скопје, тројца малолетници физички нападнале друг малолетник од Скопје и со закана му одзеле пари. Од страна на пријавителот еден од малолетните напаѓачи бил задржан и предаден на полициски службеници од СВР Скопје. Се работи на расчистување на случајот.
Полициски службеници од Отсек за недозволена трговија со дрога при СВР Велес, завчера во 21.50 часот ги лишиле од слобода К.Б.(50) и З.Ш.(47) двајцата од Велес, кај кои што е пронајдена и одземена НН зелена растителна материја. За настанот е известен надлежен ЈО а по издадена судска наредба извршен бил и претрес во домот на З.Ш. каде била пронајдена и одземена дигитална вага. По целосно комплетирање на документацијата, а во координација со јавен обвинител, против двајцата ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 од КЗ („Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“).
На магистралниот пат Кичево-Охрид вчера во 23.18 часот, бил лишен од слобода З.Р.(31) од Кичево. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патнички автомобил „Ауди“ со кичевски регистарски таблички управувано од З.Р. и по преземени мерки, констатирале дека тој бил под дејство на алкохол, по што веднаш е исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава за сторено кривично дело по член 297-А од Кривичниот законик - „Безобзирно управување со моторно возило“.
М.И. (23) од Куманово вчера во 16.00 часот во СВР Куманово пријавил дека на плоштадот „Нова Југославија“ во Куманово, околу 4.00 часот истиот ден, бил физички нападнат од неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Џ.М.(22) од село Палатица, општина Желино, вчера во 14.40 часот во Полициското одделение Групчин пријавил дека претходниот ден околу 22.00 часот на локалниот пат село Желино – село Палатица во круг на бензинска станица бил физички нападнат од В.Ф. и И.З. , двајцата од село Палатица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Во Полициската станица Гостивар вчера било пријавено дека околу 15.20 часот во и пред угостителски објект во Гостивар, по претходно недоразбирање бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Б.Џ.(61) и Р.М.(20) двајцата од Гостивар. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Во Полициското одделение Шуто Оризари утрово во 4.40 часот Р.Н.(58) од Скопје, во својство на згрижувач, пријавил дека неговиот штитеник Н.С.(13) од Скопје, се оддалечил од семејниот дом. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Во СВР Скопје вчера во 08.48 часот било пријавено дека околу 8.30 часот на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, настанал пожар на патничко возило марка „Фолксваген голф со скопски регистарски таблички кое било во движење а сопственост на М.Б.(53) од Скопје. Повредени лица нема. Од Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, при што било констатирано дека пожарот настанал од неисправна инсталација на електрониката на возилото.
Во ОВР Виница вчера околу 22.40 часот било пријавено дека на улицата „Браќа Миладинови“ во Виница бил опожарен стан, сопственост на Л.А.(67) од Виница а изнајмен на М.Ј.(32) од село Јаргулица радовишко. Повредени лица нема. Од екипа на Територијалната противпожарна единица Виница пожарот бил изгаснат. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Виница.
П.Л. (71) од Скопје вчера во Полициската станица Карпош пријавил дека истиот ден во периодот меѓу 20.00 до 21.00 часот од неговиот дом на улица „Јури Гагарани“ во Скопје од страна на непознат сторител извршена била тешка кражба при што му бил одземен пиштол марка „Валтер“ модел „Р99“ и куршуми со калибар од 9 мм. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Во Полициското одделение Матејче завчера од страна на Кумановско-Осоговска Епархија при МПЦ-ОА било пријавено дека во манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ во село Матејче, општина Липково, кој е под заштита на државата како културно добро, од страна на непознати сторители во текот на месецов со употреба на физичка сила и погоден алат било влезено во објектот каде било извршено копање на подот. Притоа покрај ископ на земја, биле извадени и осквернавени посмртни останки на погребани лица, и била извршена кражба на оловен лим од централната манастирска црква. Извршен е увид од страна на надлежен ЈО и Увидна екипа од СВР Куманово. Се работи на расчистување на случајот
На Граничниот премин „Табановце“ вчера во 09.30 часот на излез од државата, полициски службеници го привеле С.И.(29) од село Церово, општина Желино, поради тоа што при пасошка контрола било констатирано дека бил баран за издржување на казна затвор во траење од три месеци, за сторено КД по чл.190 ст.1 в.в. со чл.45 од КЗ на РСМ во КПУ Затвор-Тетово. Тој бил предаден на полициски службеници во СВР Куманово за понатамошна постапка.вј/
Фото: МИА архива