Во сообраќајка повредени двајца малолетници од село Милетино
- - Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле малолетникот, кој го управувал мопедот и неговиот малолетен сопатник од село Милетино, а констатирани во Клиничка болница Тетово, по што повредените биле пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје, информира МВР во дневниот Билтен.
- Post By Лидија Велковска
- 11:56, 9 March, 2025

Скопје, 9 март 2025 (МИА) - Двајца малолетници од тетовско Милетино се здобиле со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа, што се случила вчера во 14:20 часот на локалниот пат село Брвеница-село Челопек. Во несреќата учествувале патничко возило „БМВ“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од С.Д.(28) од село Челопек, тетовско и мопед со тетовски регистарски ознаки, управуван од малолетник од село Милетино, општина Брвеница.
- Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле малолетникот, кој го управувал мопедот и неговиот малолетен сопатник од село Милетино, а констатирани во Клиничка болница Тетово, по што повредените биле пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје, информира МВР во дневниот Билтен.
Извршен бил увид од надележен ЈО и увидна екипа од СВР Тетово.лв/
фото: МИА архива