• Friday, 21 February 2025

Меџити: Ветинг за ДУИ ќе направиме на локалните избори

Меџити: Ветинг за ДУИ ќе направиме на локалните избори

Скопје, 20 февруари 2025

Првиот вицепремиер, Изет Меџити, ја обвини Демократската унија за интеграција дека се шегува со народот и со своите членови со најавениот ветинг, бидејќи според него, ваков процес не може да се спроведе внатре во партијата, како што најавува ДУИ, туку треба да се спроведе од независни државни институции.

Меџити рече дека вистинскиот ветинг за ДУИ ќе се случи на локалните избори.

„Ветингот го направи македонскиот народ на претходните избори, но вистинскиот ветинг ќе го почувствуваат на локалните избори. Ветинг не се прави на себе, ветинг прават другите, независните институции. Значи, тие играат со народот, се шегуваат со членовите, прават филмови“, рече меѓу другото Меџити.

 

Демократско движење

______________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки