• Wednesday, 05 February 2025

„Метафора – жито, какол и парчиња стакло“ од Марко Трпески во „Метаноја“

„Метафора – жито, какол и парчиња стакло“ од Марко Трпески во „Метаноја“

Скопје, 5 февруари 2025 (МИА) - Го галеријата  „Метаноја“  вечер во 19 часот ќе биде промовирана збирката илустрации и текстуални минијатури „Метафора – жито, какол и парчиња стакло“ од Марко Трпески, заедно со изложба на дигитални графики од циклусот „Метафора“.

За објавената збирка ќе говорат академика Влада Урошевиќ и Оливера Ќорвезироска. Визуелно-словесното доживување, како што најавуваат до „Метаноја“, ќе биде збогатено со музички соло настап на Филип Букршлиев.

Авторот Трпески за неговото најново дело вели: „Станува збор за уште еден спој меѓу визуелната и книжевната уметност преку кој Трпески ги поканува читателите во својот креативен универзум. Оваа книга, своевидно продолжение на неговото дебитантско дело „Метафора – поглед зад огледалата“, нуди нови психолошки длабочини и надреалистички израз.“

Марко Трпески (1990, Скопје) е визуелен уметник и графички дизајнер со посебен фокус на книжевната илустрација. Добитник е на неколку награди за најдобар дизајн на корица на книга. Предавач е во областа на дигиталната илустрација, основач на креативното студио „Метафора“ и еден од основачите на неформалниот колектив за колаж „Скопје колаж колектив“. За себе вели дека е хобистички трагач и несертифициран, но страстен собирач на метафори./

Фото: „Метаноја