МВР Билтен
- На 21.02.2025 во 16.55 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода М.М.(37) од Тетово. При претрес во неговиот дом и помошни простории, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени четири тегли со марихуана, пари во различни апоени и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.

Скопје, 22 февруари 2025 (МИА) - На 21.02.2025 во 16.55 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода М.М.(37) од Тетово.
При претрес во неговиот дом и помошни простории, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени четири тегли со марихуана, пари во различни апоени и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.
Лицето било задржано во полициска станица, за настанот бил известен јавен обвинител и по негово целосно документирање ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 21.02.2025 во 16.00 часот во Богданци, полициски службеници од СВР Струмица - ОВР Гевгелија ги лишиле од слобода М.М.(25) и С.М.(20) од Богданци и М.С.(18) од село Црничани општина Дојран.
При преглед на патничко возило „опел“ со гевеглиски регистарски ознаки, управувано од М.М., кај сопатниците С.М. и М.С. била пронајдена марихуана. Подоцна, со наредби од Основен суд Гевгелија, биле извршени претреси во домовите на лицата, при што во домот на М.М. и С.М. биле пронајдени марихуана и грендер. Лицата биле задржани во Полициската станица Гевгелија, за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и по негово документирање против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 21.02.2025 во 21.00 часот во с.Доброште, тетовско, полициски службеници од Полициското одделение Теарце го лишиле од слобода Р.В.(37) од с.Доброште затоа што кај него била пронајдена марихуана.
Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок.
На 21.02.2025 во 21.10 часот на езеро Младост во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода В.В.(29) од Велес.
При контрола на патничко возило, во кое бил сопатник, кај него била пронајдена зелена растителна материја и дробилка. В.В. бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Денеска (22.02.2025) во 00.35 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода А.В.(33) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.
По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 21.02.2025 во 15.30 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода С.Р.(36) од Виница затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.
По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 21.02.2025 во 21.20 часот во Скопје, на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода С.Т.(24) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.
По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 21.02.2025 во 22.15 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Р.Д (22) од с.Инџиково, скопско, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.
По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 21.02.2025 во 23.20 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Љ.И.(30) од с. Ваксинце, општина Липково, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.
По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 21.02.2025 во 20.20 часот на ул.„Козјак" во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода О.Ј.(27) од Битола затоа што кај него била пронајдена марихуана.
По документирање на настанот, ќе следува соодветен поднесок.
На 21.02.2025 во 20.00 часот во СВР Скопје, од Казнено - поправната установа Затвор Идризово било пријавено дека на влез во установата, при претрес кај осудениците Н.А., Х.A., Л.И. и Ј.П. биле пронајдени пари и мобилни телефони.
Додека, при извршен преглед во возилото со кое пристигнале, биле пронајдени марихуана и мобилен телефон. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 21.02.2025 во 21.00 часот кај с.Русјаци, општина Македонски Брод, полициски службеници од ОВР Македонски Брод ги лишиле од слобода Џ.Ф.(37), Б.Б.(43) и И.К.(35), сите од с.Пласница, општина Македонски Брод.
При контрола на товарно возило „ман“ со регистарски ознаки на Македонски Брод, управувано од Б.Б., а сопственик бил И.К., било констатирано дека испратницата за огревното дрво, кое го превезувале, била фалсификувана и дека возачот не поседува лиценца за вршење јавен превоз. Дрвата биле предадени на шумска полиција и по документирање на настанот, против него ќе следува соодветна пријава.
На 21.02.2025 во 06.43 часот во СВР Штип, од Казнено – поправната установа Затвор Штип било пријавено дека во кругот од установата биле пронајдени и одземени марихуана и прашкаста материја.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 21.02.2025 во 20.15 часот на ул.„Мице Козар“ во Прилеп полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода Н.А.(33) од Прилеп, кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на казна затвор од 16 месеци.
Лицето било спроведено во Казнено - поправната установа Затвор Битола за издржувањена казната.
На 21.02.2025 во 14.45 часот на Граничен премин Деве Баир, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода К.М.Ц. (52) од Република Турција затоа што при пасошка контрола било констатирано дека приложил фалсификувана зелена карта за товарно возило „рено“ со турски национални ознаки, кое го управувал.
Тој бил предаден на полициски службеници од ОВР Крива Паланка за понатамошна постапка.
На 21.02.2025 во 21.15 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го привеле А.Ј.(28) од Скопје затоа што кај него бил пронајден и одземен нож.
По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 21.02.2025 во 21.10 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје го привеле М.Д.(22) од Скопје затоа што кај него бил пронајден и одземен нож.
По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 21.02.2025 во 08.40 часот во ОВР Гостивар, С.А.(62) од Гостивар пријавил дека на улица ,,Беличица" бил каснат од куче скитник.
На 21.02.2025 во 10.00 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, Ж.Б.(76) од с.Волково, скопско, пријавил дека на ул.„22“ во с.Волково бил каснат од куче скитник.
На 21.02.2025 во 13.35 часот во Полициската станица Кисела Вода, А.Ц.(51) од Скопје пријавил дека на ул.„Марко Цепенков“ во Скопје бил каснат од куче скитник. сст/