• Saturday, 22 February 2025

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 21 февруари 2025 (МИА) - На локален пат помеѓу кичевските села Црвевци и Колибари, на 20.02.2025 во 22:15 часот на полициски службеници од ОВР Кичево ги лишиле од слобода Д.Е.(37) и М.Џ.(42), двајцата од кичевското село Зајас. При преглед во патничко возило „сеат ибица“ со кичевски регистарски ознаки, во кое се превезувале, била пронајдена и одземена марихауна. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 20.02 2025 во 19:45 часот во село Липец, виничко, полициски службеници од ОВР Виница го лишиле од слобода Б.Ѓ.(60) од село Липец. Тој, околу 19:15 часот во селото, управувајќи трактор, оштетил патничко возило „бмв“ и го напуштил местото, по што удрил во бандера, а потоа агресивно се однесувал и упатувал закани на соопственикот на возилото Д.С. и неговиот брат С.С.. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 20.02.2025 во 16:30 часот во СВР Куманово, 78-годишна жена од Куманово пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 2 000 евра. Според пријавеното, лицето ѝ се јавило на телефон и претставувајќи се како полициски службеник ја известило дека нејзините син и снаа предизвикале сообраќајна несреќа во која прегазиле малолетно дете и ќе треба да плати одредена сума на пари за да не ги гонат кривично. Како што е пријавено, таа ги оставила парите на договореното место, но подоцна сфатила дека била измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
       
На 19.02.2025 во СВР Штип, 47 - годишник од Република Турција, со живеалиште во Штип, во СВР Штип пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 3.550 евра. Имено, според пријавеното, по претходен договор, на 18.02.2025 на студент од Република Турција со престој во Штип, во неколку наврати на сметка во банка му префрлил вкупно 134.851 турски лири и за возврат друго лице во Штип му дало 71 банкноти во апоени од 50 евра. Како што е пријавено, откако ги земал парите, се посомневал во нивната исправност и ги проверил во менувачница во Штип, каде што му било потврдено дека се фалсификат. Исто така, според пријавеното, тој стапил во контакт со лицето кое му ги дало парите и откако негирало дека му дало фалсисикат евра, тој со својот адвокат го пријавил случајот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 21.02.2025 во 03:40 часот во Полициската станица Драчево било пријавено дека во село Студеничани, скопско, настанал пожар во куќа, сопственост на З.Г., кој не бил во државата. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема.

На 20.02.2025 во 18:55 часот во СВР Скопје, од Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив со повреди била донесена К.Н.(44) од Скопје. Според пријавеното, таа се здобила со повредите при извршување работни задачи во фирма во с.Кадино , општина Илинден. Увид бил извршен и за нападот бил изврстен трудов инспектор.

На 20.02.2025 во 21:30 часот, С.Б.(42) од Кичево во полициска станица пријавила дека на улица „Магистрален пат“ во Кичево била касната од куче скитник.

На 20.02.2025 во 13:48 часот во СВР Скопје било пријавено дека по завршување на боево гаѓање на стрелиште во касарна Ѓорче Петров, полициски службеник случајно испукал еден куршум од службениот пиштол и се повредил на раката. Тој бил пренесен во Градската општа болница „8 Септември“ за укажување помош. За настанот бил известен јавен обвинител и се работи на негово расчистување.  

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесена кривична пријава против С.Б.(50) од Крива Паланка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 12.02.2025 на магистралниот пат Крива Паланка - Куманово, пријавениот се заканувал на полициски службеници кои вршеле службени дејствија.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против Н.А.(42) од кривопаланечко село поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 06.02.2025 во семејната куќа во селото, пријавениот физички ги нападнал неговата 14 - годишна ќерка и неговата сопруга, по што со нож им упатил закани и оштетил дел од покуќнината..  

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесена кривична пријава против Л.Д.(53) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 01.02.2025 на место викано „Соларски мост“ во Крива Паланка, пријавениот со уште едно лице попречувале извршување на градежни работи од приватна фирма, им се заканувал на вработените, а упатил и закани кон Градоначалникот на општината.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против С.М.(30) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 08.10.2024, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана, која ја набавил од едно лице од Штип.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Б.Т.(28), И.С.(35), Н.П.(21), Е.Р.(24) и Ф.Х.(20), сите од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“. На 19.11.2024, вработени во правно лице од Скопје, пријавиле нередовни уплати на дневни пазари од страна на пријавените - вработени во подружницата во трговски центар во Куманово, по што било констатирано дека за ноември 2024 не се уплатени финансиски средства по основ на дневен пазар во висина 417.014 денари и 59.426 денари.

СВР Штип поднесе кривична пријава против Л.Ѓ.(23) од светиниколско село и против В.Р. (47) од струмичко село, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“. Првопријавениот, околу една година во семејната куќа живеел во вонбрачна заедница со малолетничка, додека, второпријавениот, родител на малолетниччката, не ја спречил неговата малолетна ќерка да живее вонбрачно.  

СВР Штип поднесе кривична пријава против О.С.(52) од Свети Николе поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“. На 05.02.2025 во ходник од станбена зграда во Свети Николе, пријавената физички нападнала малолетничка од Свети Николе.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(71) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 07.11.2024 во плац во село Желино, тетовско, пријавениот пријавениот физички го нападнал Ј.К., додека со дрвен предмет се обидел да го нападне Р.У..

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ѓ.К.(61) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“. На 02.01.2025 во Тетово, пријавениот физички нападнал малолетник од Тетово. ар/нд/

Фото: МИА архива