Претрес во Тетово, пронајдена е дрога и приведен е дилер
- Полициски службеници од СВР Тетово вчера во 16.55 часот во Тетово, го лишиле од слобода М.М.(37) од Тетово.

Скопје, 22 февруари 2025 (МИА) - Полициски службеници од СВР Тетово вчера во 16.55 часот во Тетово, го лишиле од слобода М.М.(37) од Тетово.
Како што информираат од МВР, при претрес во неговиот дом и помошни простории, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени четири тегли со марихуана, пари во различни апоени и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.
Лицето било задржано во полициска станица, за настанот бил известен јавен обвинител и по негово целосно документирање ќе биде поднесена соодветна пријава. сст/мч/
фото МВР