МВР Билтен (ДПЛ)
- СВР Куманово поднел кривична пријава против Б.И.(41) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
Скопје, 4 февруари 2025 (МИА) - СВР Куманово поднел кривична пријава против Б.И.(41) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
МВР денеска соопшти дека на 16.09.2024, полициски службеници со судска наредба извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени кокаин и дигитална вага.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Р.К.(63) и Б.И.(52), двајцата од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. На катастарска парцела во охридското село Велестово, тие неовластено и без соодветна градежно – техничка документација, како и без одобрение за градба издадено од надлежен државен орган, отпочнале градба на семејна куќа. Од овластен градежен инспектор градилиштето било затворено со службена лента и службен знак.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Б.И.(51) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје и распрскувачки материи“. На 30.12.2024 во Куманово, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што биле пронајдени и одземени пиротехнички средства.
На 03.02.2025 во 21.00 часот во индустриската зона Ќојлија, скопско, полициски службеници од СВР Скопје го привеле Б.Ј.(29) од с.Петровец, скопско, затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 03.02.2025 во 18.00 часот во Полициската станица Гази Баба, М.В.(30) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот дедо М.В.(67) од Скопје. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
На 03.02.2025 во 16.40 часот во ОВР Гостивар, А.А.(30) од Гостивар пријавил дека на ул.„Б. Велјаноски“, неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник.
На 03.02.2025 во 19.00 часот во СВР Тетово Г.Р.(45) од Тетово пријавил дека на улица „146“ во Тетово неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Л.Т.(60) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,злоупотреба на службена положба и овластување“. Пријавената, градежен инспектор во општина Куманово, извршила инспекциски надзор на објект во Куманово и констатирала бесправна градба, за чие отстранување наместо да го задолжи правното лице, донела заклучок отстранувањето да го изврши општина Куманово, со што го оштетила буџетот на општина Куманово за износ од 498.503 денари.
СВР Штип поднесе кривична пријава против З.Г.(44) од Свети Николе поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“. На 17.12.2024 во круг на основно училиште во Свети Николе, пријавениот физички нападнал малолетник од Свети Николе.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Н.А. од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела ,,недозволено изработување, држење и тргување со оружје и распрскувачки материи“ и ,,неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори’’. На 22.02.2024 во Куманово, полициски службеници со судска наредба извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени кокаин, марихуана, куршуми...
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Д.М. од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори’’. На 30.08.2024 во Куманово, полициски службеници извршиле преглед над пријавената, при што бил пронајден и одземен хероин. цр/
Фото: МИА архива