МВР Билтен (ДПЛ)
- На 01.02.2025 во 18.15 часот полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес, ги лишиле од слобода Н.Ѓ.(28) и 27-годишната В.К., двајцата од Велес. Имено, на автопатот Скопје-Велес, кај наплатната станица „Сопот", било запрено такси возило во кое Н.Ѓ. и В.К. биле сопатници и при преглед, кај В.К. била пронајдена и одземена зелена растителна материја. Тие биле приведени во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
You need to login to view this page en