Приведен 28-годишен неготинец осомничен за кражба на цигари
- Неготинец бил лишен од слобода поради сомнение за кражба на цигари, информираат денеска од Секторот за внатрешни работи - Велес.
Неготино, 2 февруари 2025 (МИА) - Неготинец бил лишен од слобода поради сомнение за кражба на цигари, информираат денеска од Секторот за внатрешни работи - Велес.
-Вчера во 8:30 часот, полициски службеници од ОВР - Неготино го лишиле од слобода С.Д., на возраст од 28 години. Тој се сомничи дека од продавница во Неготино, одзел 75 кутии цигари од различни брендови, појаснуваат од СВР - Велес.
Предметите биле пронајдени и вратени на сопственикот. С.Д. бил приведен во полициска станица. Известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, како што додаваат од СВР - Велес, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Синоќа во 20:45 часот во ОВР - Кавадарци, М.К.И., 68-годишна кавадарчанка, пријавила дека на улица „Сава Ковачевиќ“ во градот, била нападната од куче скитник. свд/вј/
Фото: МИА архива