Четиригодишно дете починало во Струшката болница
- Четиригодишно дете утрово починало на Детското одделение во Струшката болница, соопшти денеска СВР Охрид.
Струга, 2 февруари 2025 (МИА) - Четиригодишно дете утрово починало на Детското одделение во Струшката болница, соопшти денеска СВР Охрид.
Според информацијата, случајот во полиција бил пријавен во 9:50 часот од медицински лица од Општата болница во Струга.
- Медицински лица од Општата болница во Струга е пријавено дека, на Детското одделение во болницата било донесено четиригодишно дете од Струга, кое извесно време било во тешка здравствена состојба. И покрај итно укажаната медицинска помош, починало, изјави портпаролот Стефан Димоски.
Полицијата во координација со јавен обвинител, презема мерки за целосно расветлување на настанот. сс/вј/
Фото: МИА архива