Леао би можел да го напушти Милан за 80 милиони евра
- Баерн Минхен и Барселона сериозно размислуваат да го потпишат напаѓачот на Милан, Рафаел Леао, објави „Газета дело спорт“.
Милано, 14 април 2026 (МИА) - Баерн Минхен и Барселона сериозно размислуваат да го потпишат напаѓачот на Милан, Рафаел Леао, објави „Газета дело спорт“.
Според италијанскиот весник, односот на 26-годишниот Португалец со навивачите на „росонерите“ се влошил во последните месеци, а неговото заминување од 80 милиони евра би можело да стане реалност, и покрај клаузулата за ослободување од 175 милиони евра во неговиот договор.
Манчестер јунајтед би можел да биде опција во Премиер лигата за Португалецот, а постои и интерес од клубови од Саудиска Арабија.
Леао е во Милан од август 2019 година. Неговиот договор важи до 30 јуни 2028 година. Во сезоната 2025/26, напаѓачот постигна десет гола и имаше две асистенции во 26 натпревари.
Трансфермаркт ја проценува вредноста на фудбалерот на 65 милиони евра. зс/
Фото: ЕПА